сосем (прил.) - близу (прил.)

сцената на телевизорот веројатно од некој филм ме воведува во големата празна сала со свеќи- издолжените пламени се извиваат во фигури на вити танчери- сосем близу-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И во моментот кога бев, мерено со микрони, сосем близу целта, одеднаш отпозади, за околу вратникот перверзно ме зграпчи некоја недефинрана сирова атмосферска сила, ме издигна од столицата и едновремено влакнестата горилска шепа ме лансира меѓу ѕвездите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А на двата брега, сосем близу до водата, растат тополи и врби.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Наеднаш, некаде сосем близу до колибата, од горната страна, чу уште еден виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред повеќе од десет години, кога земјите на Европската заедница продолжуваа со повеќе или со помалку среќа да си ја обезбедуваат својата иднина во мир и во просперитет, започнуваше с повеќе и повеќе да преовладува немир сосем близу до нас, на Балканот, каде што првин започна земјата да ја обзема вознемиреност, потоа да доживее силни потреси и на крајот област по област, цели региони да се најдат во рламен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но тоа е помалку значајно, битно беше воодушевувањето и восхитот што ме обземаа од ден на ден од еден опишан лик во книгите, таткото на авторот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Фалејќи се често и се надлажувавме, што зборува дека фалењето и лагата се сосем близу.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Што ли ќе е? Сосем близу до него нешто шушкаше, се помрднуваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А на двата брега, сосем близу до водата, растат тополи и врби.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)