сосем (прил.) - спротивен (прид.)

Марковски, почестен и задоволен што остана вработен и тоа на истото работно место, не ни претпоставуваше дека периодот што следи ќе биде сосем спротивен од неговите очекувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се чини дека најинтересно од сѐ е што Марковски, во последните три години пред спорот, истовремено беше и претседател на основната организација на синдикатот – т.н. синдикален претставник.2 Во овој турбулентен период вистинска среќа беше да се остане 110 во фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)