сосем (прил.) - обичен (прид.)

Се сети на еден човек со кој се размина на улица пред неколку недели: еден наизглед сосем обичен човек, член на Партијата, на триесет и пет до четириесет години, висок и тенок, со актовка во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сети се на денот, навидум како и секоја друга (улица сосем обична малку каллив снег, замислени минувачи) кога спокојна ја наведна главата врз твоето раме.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сепак, тоа не беше сосем обичен ден.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веднаш, како да се сретнале во сосем обични околности, почна да ѝ кажува за тоа дека повеќе пати била кај нејзините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја земав тетратката. Јас и не знаев што е тоа лексикон, ама не сакав да ја запрашам, не сакав да се покажам пред Анче колку сум прост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Попладнето се собравме кај Ташко. Им се пофалив на другарите: „Некаков лексикон ми даде Анче од VIб. Да го разгледаме и пополниме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа беше сосем обична тетратка од сто листа со линии.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А тој беше сосем обичен гоблен: навезан половината со бел конец, другата половина со црн; односно поделен на две полиња.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)