сончев (прил.) - злато (имн.)

Од зад карпите крескала сојка и го предупредувала жолтоклунецот; или повикувала гаврани на гозба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Широкото жолто поле, уште пожолто од разлеаното сончево злато врз зрелите нивје, трепери од жештината.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Косот сепак ја разбрал и пркнал безгласно кон куп танкостебли дрвја; во окото му се топело грутче сончево злато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)