смртно (прил.) - погоден (прид.)

Од првиот залп паднаа, смртно погодени или ранети чаушите и башчаушите и по некој војник од втората редица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гласот од Бојковата пушка го слушнаа војниците во гробиштата на кои удри главната востаничка сила со војводите и почнаа да стрелаат, заклонети зад гробовите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе тргна по него, а Јован веќе ги држеше и двата коња, бидејќи од неговиот куршум падна смртно погоден Рифат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе ги држиме сардисани дури да ги изгорат фишеците, па око не се теслимат, тогаш ќе им влеземе и живи ќе ги фатиме, или најпосле, ќе запалиме куќава и бити вајде — донесоа решение заповедниците, а веќе и самиот бимбашија од кашлата пристигна со целиот табур војска од пет шестотини души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се обидоа двајца заптии да го прескочат ѕитчето и да им се доближат до прозорчето, но паднаа смртно погодени од двете манлихерки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Онбашијата, Ташко и војникот смртно погодени ги издиваа последните воздиви, a дедот Јован и Бојко уште повеќе се испружија, плашејќи се да не ги закаче и нив некој куршум ако се повторат плотуните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но место одговор Бојко чкрапна со малихерката и војникот падна смртно погоден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами сега шо правиме? — почна да се тагува дедот Јован. — Ќе нѐ избесат виа пци утре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)