Ја иритира сензитивната кожа и „гори“ кога случајно ќе дојде во допир со носниците.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ќе слушнам како славеј божем, случајно ќе ми запее на гранка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Кога случајно ќе се допревме со рака, чекорејќи еден крај друг, чувствував дека прекрасна топлина ми го поплавуав телото, а во градите го слушав срцето како брзо и по малку исплашено ми чука.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А можеби можеше и да се рече дека луѓето со умеењето на Господ Саздов секогаш се наоѓаа таму каде што случајно ќе се појавеше наивноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И притоа тие постојано ѝ се џареа в очи, случајно да не им избега некоја од желбите и намерите на таа наивност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А потоа почна да не ги распознава нештата, да ги побркува – го земаше ножот за да пресече леб со него, а потоа помислуваше дека е игла и бараше од мене да ѝ донесам кошула за да ја закрпи со ножот, компирите ги редеше во шкафот за чевли, и онаа кукла – парталче со избледена крвава трага преку неа, сигурно во еден миг за неа се претвори во птица која ја пушти да одлета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не препознаваше некои од своите пријателки кои случајно ќе ги сретнеше на прошетките – а откако тие ќе ѝ пристапеа, таа ја криеше збунетоста, им поставуваше општи прашања, за да не се забележи дека не знае со кого разговара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ете таа несигурност ме измачуваше, ме глочкаше како камче или некое зрно што случајно ќе ви се најде во чевелот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)