На овој начин, графиката на староерменското писмо претставува продукт на слободно творештво на нејзиниот создавач и не е резултат на историска девијација или на графичка репродукција на некој определен систем на писмо- Маргина 37 95 прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој процес на графичко творење, Месроп Маштоц може да се користи со оние графички примери, кои му се достапни, а тоа се: пехлевискиот, сирискиот, етиопскиот, грчкиот и низа други системи на писмо, чија што графика покажува сличности со знаците на староерменскиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мотивацијата на ваквото слободно творештво на графичките симболи се чини дека лежи во стремежот да се прикрие зависноста на новосоздадениот систем на писмо од изворникот, во дадениот случај, од грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со тоа се објаснува фактот дека староерменското писмо покажува графички врски со повеќе системи на писмо, но не се сведува во целина на ниеден определен графички систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)