слободно (прил.) - место (имн.)

Поминавме скоро по сите кафеани, кафулиња, ресторанчиња, пицерии и никаде ниту едно слободно место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Побратимот Гури Порадеци, утрото кога наминал за да ѝ каже сѐ на Мајка, ѝ укажал колку слободно место има во чунот за неопходните предмети, а колку за семејството и за него, без да биде опасно при пловењето кон другиот брег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кажав да се копа близу до куќата моја, малку погоре, на едно слободно место, а и широчко и не далеку од другите куќи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едно претпладне поминав многу лошо. Платив за паркинг, час и половина вртев кругови на паркингот околу болницата и не можев да најдам слободно место за паркирање, плачев од нервоза, ти ме чекаш таму, а јас час и половина не можам да најдам каде да се паркирам, па си ветив дека наутро кога е гужва, во иднина, ќе доаѓам со такси, а навечер со автомобил.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)