Имаше и денови кога ветерот ѝ го поткреваше фустанот откривајќи ѝ ги белините на ципите, или кога при разминување на тесното скеле ќе им се поджулнеа телата или кога ќе му подаваше цигли под него, а тој слободно ѝ ѕиркаше во нејзините гради низ широкиот отвор на фустанот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А тој уште од оној миг кога за првпат го слушна името на девојчето, почна во своите мисли да го изградува и нејзиниот лик: „Би морала да личи на татка си, височка е значи, има дупчиња на образите, крупни црни очи, црна коса што слободно ѝ паѓа врз белото чело...“
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)