Чанга беше среќен што меѓу татковите книги откри дело од староримскиот поет од Верона, Катул, со слики од римскиот форум по кој слободно шетале кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
— Има, браќа, има.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од друга страна чувствуваше дека е ослободен од товарот на еден пристоен куп проверени сомненија и недефинирани заклучоци: Каква е, на пример, смислата на лубеницата што слободно шета по воздухот подржувајќи лет на непознат вид птица; или на гроздот што се обидува да избега од твојот поглед оставајќи зад себе чудни траги од патики па не си сигурен дали плодот навистина користиел нозе или само успеал да не му се покори на одамна воспоставениот закон на гравитацијата?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не ѝ светеше сонце на „плавушата“, што со табла на себеси, со испишана мака, пееше: „Македонско девојче, китка шарена Целото разграбано, малтретирано, Педофили слободно шетаат На никого не му сметаат...“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Миризбите слободно шетаа и под втората и под третата плоча, се креваа од снагите или алиштата, се провираа низ сите ѕирки и проѕирки, му се пикаа на човека во нос, го замелушуваа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И поткачиле агите одовде и тие прерипале преку граница, каде слободно шетаат и работат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Слободно шетам. Ми оздраве ногата.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)