Во малото одајче на касата, изложено на ветрот, беше посебно студено, слабо се грееше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А од Толева страна не паѓаше ни еден, ни жив ни мртов.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зимата се погоди долга и сурова. Тутунот слабо се плати. Детето му се поболи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се разбра работата по цело Битолско — Прилепско Поле, а во Мариово веќе слабо се решаваа Турци да навлезат во помал број.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)