скромно (прил.) - облече (гл.)

Без кистови, без аловини колку е поубава од Боца. Ем ка е скромно облечена!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Забележувам како кон нив се упатуваат коректно облечени луѓе, исполнети, кои контрастираат со другите луѓе, ослабени, со испиени лица и скромно облечени, видени дотогаш и подоцна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)