Зора се зори - петлите скоро ќе в село пропеат!“
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Скоро ќе втаса и потерата од Струмица.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Мнозина ќе речат оти моите утврдувања за некакво ново течење во развивањето на националното самосознание сред Македонците е само мистификација на неколцина Македонци, но дека таа мистификација нема под себе земјиште и затоа како што се имаат скоро појавено на белиот свет, исто така скоро ќе исчезнат од него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Скоро ќе пристигнат и дождовите и ќе нѐ замолат да ги засолниме под нашата кожа.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Скоро ќе стигне и есента и вие весели ќе дојдете да ме заколете.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ќе му нарача дома да ја стават вечерата, да е готова, тој скоро ќе се прибере. Тоа секоја вечер станува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Глупости. Скоро ќе биде мојот нов концерт.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Скоро ќе биде мртва ноќ. Подофицерот е веќе невидлив. - Готово? - Готово.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Стрпете се, другар Горјан - му се обрати тој на Горјана. - Вечерата скоро ќе биде готова.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Колку години имаш? - праша првиот. - Скоро ќе наполнам четиринаесет.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Со Љубица ќе си играте, јас скоро ќе дојдам. Ѝ одговорив: Добро бабо.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)