сигурно (прил.) - и (чест.)

Слушај, Ѓорѓе, таа е маѓепсничка! Сигурно и тебе те маѓепсала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѕин, ѕин, да можат да си ги најдат своите исфрлени коски, сигурно и со нив ќе ми ѕвечат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурно и овој се пикнал во водата и така останал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеше да биде многу порадосно, сето тоа, помисли, а сигурно и многу поуспешно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние застанаа во еден миг. Тие знаеја за него, тие сите го сеќаваа одамна на прозорецот него, но сега застанаа сигурно и од нешто сосема друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сигурно и во него има чувство дека е казнет заради нешто од самиот Господ оти такво чувство имаше и во Доне, само што Доне тоа чувство го немаше претворено во гнев, туку во понизност пред предодреденоста што не може со ништо да се промени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сигурно и тој му зее во устата на деда си.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ме прашуваш за човекот на џамлакот а ти сигурно и лично го познаваш? - Цената на одговорот е иста!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А по колку чашки добиваш од службите, за информациите што им ги носиш?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сигурно и нашата Сталинка беше веќе во ова досие. Кој да знае?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да слушаше господ сигурно и ќе гледаше, вели, оти црквата двапати ни ја гореа Грците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами, каде е сега, прашува Уља. - Штом се растураат војските подома, вели Јон, сигурно и тој ќе се врати. Кој е за враќање, ќе се врати, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)