сигурно (прил.) - секогаш (прил.)

Сигурно смрдам, си помисли. Сигурно секогаш смрдам и сите алишта ми смрдат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ех, да знаеше барем малку да држи ножици и да потсечува ваму-таму, тогаш косата на Зоки Поки сигурно секогаш ќе беше убаво поткастрена. Но, можеби и за среќа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Немаш потреба од дезодоранс, - настојуваше мајката упорно гледајќи накај телевизорот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)