сигурно (прил.) - веќе (прил.)

Сигурно веќе неколкупати се договарале кога е најзгодно да дојдат, мајката можеби излегла денеска пол саат порано од работа, но сепак се подзабавиле и за малку да им пропаднат парите што ги дадоа за тролејбуска карта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Девојките од Скопје, кои патуваа со мене во дертмунскиот експрес, сигурно веќе работат во некоја германска фабрика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој јадеше на брзина, зашто беше нестрплив да стаса пред училиштето, каде сега веќе беа насобрани многу деца и сигурно веќе водеа жестока снежна битка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Каде си? Окапав чекајќи те! Моиве дома сигурно веќе ми ја подготвуваат јамката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нешто подоцна го открив она што од секогаш го знаев: дека ни случајната грешка не може да биде случајна бидејќи сигурно веќе заживеала на некое друго место, во некој друг јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Драго ми е што децата не се тука иако жената сигурно веќе има јавила дека татко им умира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа сигурно веќе одамна се омажила за некој друг и чува нечии други деца...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе копнееше за човечки збор, за нежна мајчинска грижа, за топлиот светол дом, за училиштето кое сигурно веќе почнало да работи, за другарите кои го чувствуваат неговото отсуство и ги пече неговата неизвесна судбина, но колку повеќе им се предаваше на мислите, колку повеќе се пушташе тие да го водат, толку повеќе го разјадуваше немирот, па стана, иако уморен, се фати за секирата и го почна својот двобој со Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак, Париз е центар на светската висока мода и на овој начин и ние по малку, преку Г-ѓа Перуниќ го почувствувавме тој воздух, барем малку, за момент...јас се извинувам, но сега морам да одам, веќе е многу доцна, мајка ми сигурно веќе ме мисли.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега тие сигурно веќе се искачуваа по онаа угорница, одбирајќи ги неговите вчерашни стапалки и слепо држејќи се за нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој сигурно веќе знае добро да чита и да пишува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Писмото од неговата фабрика, известувањето, сигурно веќе му е во џебот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите се сигурно веќе гладни. Не е моја вина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ајде да побрзаме, баба ти сигурно веќе е загрижена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само требаше да се стигне до амбасадата. Шифрантот Иваз сигурно веќе беше таму. Живееше веднаш до амбасадата. Така предвидуваа прописите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле заклучија дека тој сигурно веќе отишол во Америка за да се врати со хеликоптер и да ги изненади.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тука, покрај Густав Климт, седеше неговата две години постара сестра Клара, која повремено, сосема неумесно за салонот, грубо го удираше со лактот, го прекоруваше, а тој се правдаше дека неговото однесување е дел од слободата која му е потребна на секое човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако работеше во ова бифе неговата секретарка Јованка, трудејќи се да го расположи, сигурно веќе ќе го прашаше со што би можела да го послужи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)