сигурно (прил.) - таа (зам.)

Инаку, Шајчевска беше најголемиот гласноговорник против христијанството, а Исус да се родеше во Македонија сигурно таа прва би го распнала.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но за среќа на државата ништо не ѝ должи, па затоа сигурно таа болка полесно ќе ја преболи. (Сите предмети што биле одземени од Чардаклија, Баручиеви ги донеле кај татко ѝ уште во времето на војната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурно таа не мигнала. Секој миг излегува на порта, да види дали доаѓам...“ - си мислеше Андон за жена си Вита и брзо грабеше напред.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И умрен од пакост не се откажува; запусти чаршијата, си брбореше во себе и пак умот му отиде во Анѓа: „Сигурно таа е маѓепсница, па види сега што направи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)