сигурно (прил.) - сака (гл.)

Но таа се надоврзуваше и привикуваше едно исто така старо предание: она во кое страницата инаку се устројуваше во главнината на текстот, толкувањата, внатрешните белини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Која беше замислата, влогот за потфатот наречен Глас? 4Не отстапувајќи од правилата и барањата на филозофското читање, за кои отсекогаш го имав сочувано должното почитување, во книгата Глас сигурно сакав сериозно да обработам некои содржини (семејство, сопственото име, вера, дијалектика, апсолутно спознание, погреб - и уште по нешто), но спротивставувајќи ги, страна наспроти страна, интерпретацијата на големиот канонски корпус на филозофијата на Хегел со реиспишувањето на поетот- писател, речиси вон законот и неприфатен - Жене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сигурно сакале да ги зафркнат Турците, овие да тргнат угоре без вистинска подготовка.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Сигурно сакаат да нѐ фатат во стапица, велам, сите да нѐ фатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурно сакаше да добие во време. Пред да каже било што.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шефот сигурно сакаше да ја сподели дозата страв со третиот член, продолжи: – Името Сталинка на козата може различно да се толкува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тетка замолче. Сигурно сакаше разговорот да го префрли и на друга тема.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јас, пак, си го протолкував тоа на мој начин, мислев, сигурно сакал да ми помогне во моите тешкотии и маки: Да не беше тој вол, другите ќе те изгазеа, синко, велеше баба ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Сигурно фронтот ќе се премести кај нас, вели Лазор Ночески. Сигурно сакаат скриен пат за бегање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно сакаат да излезам, ама-наа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)