сигурно (прил.) - има (гл.)

„Аха! Сигурно имаат ојдено дрварите на чешмичето да се напиат вода", — си заклучи стариот и тргна таму да ги побара, да скрши некој и друг лав и да тргне некој и другпат од нечие луле, ако не му дадат да го наполни неговото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Зошто машниш пците, бре ќерата? — Му се врекна остро на стариот и нанишани во Шарка, кој одеше напред пред другите пци и пред дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурно имаше во тоа негов прст.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Проценувана со естетските мерки, рок музиката сосема сигурно има одредени вредности, кои се објективни, без оглед дали ја вреднува естетичар на музиката или лаик; исто така, што не е без значење, оваа музика, создадена под дејство на психоактивни дроги, подобро и побогато ја доживуваат оние коишто самите ги уживаат истите дроги. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 145
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да избегаш од родниот крај и да се населиш у град во кој владеат педери, курви, арамии, ѓубраџии, перачи на шофершајбни, накази и разноразни сисајкури сигурно има дубока фројдовска причина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Наоколу немаше телекрани, но сигурно имаше скриени микрофони; освен тоа, можеа да бидат видени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не знам. Сигурно има. Можеби децата...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Убава е“, рече тој. „Сигурно има цел метар во колковите“, рече Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека ги минував овие „бели населби“ веднаш ми идеа мислите на Македонија, која сигурно има поубави природни услови за развиток на туризмот, отколку Белгија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој условен сојуз во библиотеката помеѓу религијата и кому­ни­стичката идеологија, кој сигурно имаше смисла само во татковите балкански алхемиски замисли помеѓу рационал­носта и ирационалноста, требаше да ја содржи страте­ги­јата на спасувањето, опстојувањето на неговото семејство во балканскиот егзил.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сигурно има доволно реалност да се живее.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Иако кај мене сигурно има една мерка на одважност, сепак не ќе да сум му сосема сличен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Брадата - таму некогаш сигурно имало брада - сега беше само една мала розета, или папок прикриен со витли од сало.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан сигурно имаше десет или единаесет години, кога еден ден краставата жаба ја презела должноста, и оттогаш гуштерот никогаш веќе не се појави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понатаму: ако си ти на дедо ти, судејќи според тебе, тогаш тој сигурно имал око за убава жена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму сигурно има големи часовници, од оние градските.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Часовникот на возачот на автобусот, во тоа сум 95 насто сигурен, е за 4 минути и 15 секунди поназад, па тој спокојно, на перонот пред автобусот, си го пие ладното „скопско“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А Вашата библиотека сигурно има над илјада чекори, кога ќе ги обиколиш сите ѕидови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Патрокле сигурно има повеќе пари. Сигурно, трговец од Крит, во лири е закопан.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој сигурно имал некаква корист од тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нашите кози имаа крилја, сигурно имаа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред тебе сигурно има речено!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да, навистина, ако не личи на некоја од мајките кои денеска беа во дворот на училиштето, тогаш сигурно има еден добар дел од душевноста на учителката од Долнени, си помислува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
О боже, о мил боже! Сигурно имаше нешто во таа изгорена душа кога толку неразумно, лудо се откажа од среќната, сигурна иднина што веќе му се насмевнуваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Охо-хо – се фаќаат за стомак децата. – А сигурно има и салата?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во секој случај, тој би можел да се заколне дека за ваква група гости сигурно имаа и повеќе чаши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој сигурно имаше нешто на умот, па ние го пуштивме. Ама, стрико Борис за тоа не ни прости.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Толкувачот објасни: - Вие за сето ова мора да знаете нешто. Сигурно имате и врска со партизаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Отидов со заврзана нога, само на петицата газев и сигурно имав и температура.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еднаш, сигурно имав преку седумнаесет години години, а таа имаше петнаест, си купила костум класичен, чевли, кошулка спроти костумот и сѐ друго што ѝ требаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не се знае, песната што ја прочитавте во почетокот не кажува, а ни луѓето не знаат, - но Луман сигурно имал во Брезница и друго и јатаци, зашто само по неколку дена разбрал дека Бошко се пофалил оти ќе го предаде на комитите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Или за Хухуј, за Кецалтенанго. (Се вратив на претходните страници за да ги најдам имињава.) Не чинат, би било исто да кажам Трес Аројос, Кобе, Флорида.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мисла која се враќа како што се враќа Будимпешта, каде што сигурно има толку мостови и толку снег што се цеди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако ги кренаа тие клети граници, сѐ се кренало, и старо и младо, да бега од Албанија. Сигурно има и од нашата рода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се израдував кога уредникот ми предложи размислување за популарната култура и толеранцијата, бидејќи се работи за прашање што веќе долго време ме вознемирува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ХЕНРИ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 96 Андреј Илц НЕСПОКОЈСТВОТО ВО ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА “Free your mind and the rest will follow. Be colour blind don't be so shallow.” (En Vogue) “Нема да тврдам дека мора оној што ги почитува Hueu Lewis и Phill Collins, безусловно да стане масовен убиец, но сигурно има за тоа добри предиспозиции.” (Американскиот писател Bret Easton Ellis за Patrick Bateman, јунакот на неговиот роман Американски психо) Овој напис бара воведно појаснување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И не само мене; имено, во последните десетлетија, сѐ поинтензивно му се посветуваат низа мажи и жени што размислуваат и пишуваат, при што поаѓаат од што е можно поразлични претпоставки, критичко-теоретски насоки и идеолошки убедувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)