Ама тоа веќе не е врска, ами чисто спонзорство кое ќе заврши во истиот момент кога спонзорот ќе ослабне финансиски, за што сесрдно ќе се потруди спонзорокорисникот, експерт за банкрот и како да дојдеш до него или кога истата со убавите гаќи веќе нема да ги соблекува за ситниш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога во глобалистичката агенда не е предвидено Формирање на невладини организации Кои сесрдно ќе се борат за неотуѓивите права на кривите краставици И од нив да се прави салата на европските трпези Како што на пример на почетокот на дваесет и првиот век Имаше портокалови и други невладини организации Кои со каранфили и рози им го поплочуваа патот
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)