Не го познаваше човекот отаде жицата, а тој, позадинец, навикнат на крепко спиење далеку од фронтот, со врски до самоти врв и со клучот од лебот, месото, шеќерот, брашното и што ли не друго, дали сериозно ќе го разбере ако му се претстави само со името?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Она што ќе го заплетка некоја невнимателна жена не се размрсува тукутака.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Уште за времето на Пунските војни, и покрај победите на Римјаните, не треба да се заборави, за да се разбере држењето на Катон дека силите на Картагинците на чело со Ханибал, откако ќе ја минат Шпанија и речиси тогаш непреодните Алпи, сериозно ќе му се заканат на Рим.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со еден збор, бев уверен дека Кожинката многу сериозно ќе се зафати со случајов!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, нели, одамна е речено: и мртвите знаат да направат збрка! Посебно жените.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)