сериозно (прил.) - почне (гл.)

Затоа и самиот сериозно почна да размислува како да ја најде.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И наеднаш, како токму мене да ми се правда сериозно почна да објаснува дека не ги сакал одморите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Требаше да се мисли на други, поважни работи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И нешто заради болеста, нешто заради гостите - храната мораа да ја засилат: сериозно почна да им се расклатува домашниот буџет, И летото, кога ја испратија мајката, тие мораа да се простат и со надежта за ново палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)