секогаш (прил.) - не (чест.)

Софијанци имаат обичај да се пофалат дека нивниот град е чист, уреден и, меѓу другото, прават сѐ за да го разубават. Но, секогаш не е така.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па, стрпи се малку и еднаш признај дека секогаш не си во право.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакам да му речам уште и дека вистината не брза да зајде иако секогаш не зависи од нашата волја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одговорите носат промени за кои секогаш не сме сигурни дали ги сакаме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)