секогаш (прил.) - тука (прил.)

Можете да слабеете колку што сакате, но мрсните клетки се секогаш тука, чекаат на својот миг за ревитализација. Trash-от е експанзивен, trash-от има упорна душа и пустински навики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едноставно појави се таму каде треба и биди добар гост и повеќе никогаш нема да мора да живееш по хотели. 124 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нема да бидеме секогаш тука да те спасиме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дрвените корита остануваа секогаш тука како сраснати на земјата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаевме ние децата оти има комити, дека се тие секогаш тука некаде, иако никогаш не знаевме каде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На пример, ако таа влегува во собата каде е главната хероина, девојката слуша шум и г-ѓата Денверс се наоѓа тука, секогаш тука, не мрдајќи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Хичкок:: „На Гари Купер му ја понудив улогата на Џоел Макреј во овој филм. Во Америка имав ужасни маки да пронајдам соодветни актери за улога во трилерите, бидејќи овде овој вид на филмови се сметаше за второстепен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ми недостасува и погледот на Вангел, секогаш подзадреман, како отсутен, а секогаш тука до нас и за нас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никогаш за ништо не ми рече не или не може.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа за него е секогаш тука.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаеме никогаш кога ќе ни биде подобро, ѓаволот е секогаш тука, тешко да го сетиме. – Те немаше долго? – Патував.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги повикував другите синови, барајќи некаква утеха во тоа, да побрзаат за да не биде доцна, да не си поигруваат со осаменоста на родителите, да заборават на помислата дека мајка им ќе биде секогаш тука, дека ќе ги чека, зашто, еве, мене повеќе не ме чека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А тие се секогаш тука, во сите времиња. – А со нас, што сакаа?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)