секогаш (прил.) - различно (прил.)

Од конструктивистичка гледна точка, границата е конструиран простор каде што различните општествени сили со различни економски и политички интереси се среќаваат и меѓусебно делуваат.11 Границите секогаш различно се искусуваат од различните општествени класи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
да не испадне нашиот брак реакционерен, велам, ние и така сме прогласени за реакционери, вели Макаровски, и само ги врти граорестите очи покрај стрмниот нос, му потпукнува некое старо пламенче во нив, му пламти, а тој само оди, тумара, поднаведнат од својата височина, оди на едно исто место, а секогаш различно под него,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова патување, години потоа, продолжуваше во нашите соништа секогаш ново, секогаш различно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)