секогаш (прил.) - пофален (прил.)

Комплементарноста на двете улоги е најупадлива кога, како што обично бидува, кралицата го држи вниманието на својата публика така што ги коментира (не секогаш пофално) „убавината“ и стратегиите на тие што се обидуваат таа вечер да ја освојат наклонетоста на „убавецот“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Коментирајќи го „темелниот јаз помеѓу гламурот и хуморот“ и во дрег-изведбата и во машката геј-супкултура во целина, Њутн изнесе низа етнографски согледби за машкиот геј-општествен живот кои и понатаму имаат далекосежно значење. ‌На секоја хомосексуална забава ќе има двајца конкуренти, честопати, сепак, комплементарни, околу кои ќе се вртат интересот и активноста: „најубавиот“, сексуално најпожелниот маж таму, и „најкампестата“, најдраматичната, вербално најзабавната кралица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)