секогаш (прил.) - одново (прил.)

Тогаш завршуваше само замислено да чекори крај бреговите на езерото, осамен, гледајќи ја играта на брановите, споредувајќи го животот со судбината на токму овие бранови, кои секогаш одново треба да започнуваат со патот кон брегот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А ова е тетка Рашела”, велеше татко ми, повторувајќи ја над таа една фотографија, секогаш одново истата, непроменета реченица.  Првпат тетка Рашела ја видов на старата фотографија со поткршени краеви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таму правдата, овде вистината, не како нешто што постои по себе, туку како она што секогаш одново низ актот на граѓанска храброст треба да му се грабне на конформизмот на општественото средиште коешто без контролата на самостојниот индивидуален увид толку често е спремно на линч и на лекоумно жртвување на невините.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тие го претставуваат неговиот неуспешен обид да се издигне над општествените, културни и политички прилики коишто секогаш одново го осакатуваат и понижуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како оној гротескен идеал на примитивната народна педагогија - „држи се до златната средина“ - кој не само што ја осигуруваше репродукцијата на социјалниот конформизам туку секогаш одново го откриваше и количеството страв што го следеше секој акт на социјализација на поединецот, да станал општоважечко регулативно начело за сите протагонисти на општествената стварност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој елемент е секако познатиот „MacGuffin”: на него налетуваме во сите Хичкокови филмови чиешто случување се структурира околу некоја украдена или загрозена „тајна” - Хичкок секогаш одново нагласува дека тој елемент (да ги споменеме и украдените планови за авионскиот мотор во 39 скали, шифрираната мелодија во Дамата исчезнува...) е сам по себе причинување, „nothing at all”, и често ја кажува оваа приказна за двајца луѓе во возот во којшто го прочитал називот „MacGuffin”: „Еден од нив прашува: „Што има во оној пакетот на полицата за багаж?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во духовната историја на Европа тој секогаш одново се појавува кога некој религиски или политички поредок на вредности ќе стане проблематичен, и тоа секогаш внатре некаква повеќе-помалку „александриска“ култура, меѓу дворјаните, во граѓанскиот салон, во состајалиштетото на боемите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сликата на Пармиџанино секогаш одново го покажува точниот маниристички фенотип, иако поради својата „загадочност“ можела да дојде и од работилницата на Леонардо, тоа сепак е слика во која еден разблажен светоглед, доживеан во пренежната младост, се покажува во сета резигнација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Но, во Шкотските висорамнини нема лавови.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пензионираниот железничар мораше секогаш одново да ги проучува автобуските линии, што водеа до веќе новите гробишта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа упорно ги повторуваше истите грешки, еднаш засекогаш, или секогаш одново.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сепак токму Margina #26-28 [1995] | okno.mk 215 Прага сјаеше сила и стремеж кон духовно соединување на Европа, порив кој секогаш одново се јавува, во еден лиричар како Рилке, на пример (можеби премногу прециозен), или во еден енигматичен поет како Кафка, да не споменуваме многубројни други.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таква каква што е, оваа земја е веројатно осудена весело и секогаш одново да го повторува жртвувањето, ритуалниот канибализам, на сите свои вредности. Зошто не?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е често обвинување кое секогаш одново ме лути, сеедно дали доаѓа од Германија или Франција. Се сретнува кај Хабермас, но и кај Французите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За мене популарната култура е непроценлив извор на разновидни и противречни надразби и пориви.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ЈА САКАТЕ ЛИ ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овие се (било со нив да се согласуваме или не) според моето мислење важни пред сѐ заради тоа што со својата содржина секогаш одново ни докажуваат дека расправата по тоа прашање е воедно и прашање за самата суштина на популарната култура. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 97
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се работи за мошне сериозни лица, што се обидуваат на MTV да ги изградат своите академски кариери; коишто okno.mk | Margina #32-33 [1996] 106 секогаш одново ве изненадуваат кога преку бројните концептуални серпентини се пробиваат до повеќе или помалку предвидливи заклучоци; се плашам дека имаат намера да ги научат Beavis& Butthead како да гледаат MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Самиот честопати не сум сосема сигурен дека на таа тема можат да кажат нешто повеќе и подобро од нив двајца.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Популарната култура ја доживувам како важен дел од мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Напишал: „Она што секогаш одново ме возбудува – тоа е феноменот на љубовта: меѓу верникот и Господ, меѓу жената и мажот, меѓу родителот и детето; и љубовта небесна, и љубовта анимална и онаа што место човек за опсесивна страст ја има потрагата, морињата или Големата Идеја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа куќа, неговиот прв дом, секогаш звучеше исто, а сепак различно, како добар џезер кој по илјадити пат ја свири истата песна, а секогаш одново и поинаку импровизира на познатите ноти.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Сепак, како димензија, тоа е присутно во севкупната литература, - ѝ објасни Преведувачот на својата Помошничка, која на тоа убаво го измасира по грбот, плеќите, рамениците...)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Релевантниот маниристички уметник, за кого што - во однос н а некој објективен систем од вредности - секогаш одново се зборува (токму кога се обидуваме да го одвоиме од бројните имитатори), се обидувал, како и секогаш опчинет со”поклопувањето на спротивностите”, да се потпре на митските слики, на пример со помош на митот за андрогинството или адамството.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Социјализмот и пост-советскиот систем донесоа нов елемент во литературата како одраз на животот, со тоа сатирата доби нов поттик, нова храна за преџвакување - секогаш одново, секогаш добро нахранета уверка: тоа е сатирата на Војнович, на Харитонов... - што отвара една нова - кој би рекол, социјална, тој не би погрешил - димензија во сатирата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој воедно е и очитување на сосема трагично-несреќната Љубов спрема Бога.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И покрај тоа, продолжувањето на војната против дрогата, макар и со послаб интензитет, секогаш одново би ги генерирало сегашните проблеми. Доколку хероинот остане забранет, бројот на кражби и понатаму би останал висок бидејќи зависниците и понатаму би краделе за да можат да дојдат до пари за задоволување на својот порок.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ваквиот пристап би понудил можности во понатамошното истражување таа политика значително да се прошири. Итан Неделман (Ethan Nedelman), професор на политички науки на Факултетот „Вудроу Вилсон“ (Woodrow Wilson) во Принстон (Princeton), предлага постепен пресврт кон легализација „кој би започнал со легализацијата на марихуаната, за да може да се запре, преиспита и пренасочи политиката во врска со дрогите која станува прескапа или контрапродуктивна”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Постои нешто таинствено, што се наоѓа зад луѓето и работите и зад рамките и боите, нешто што секогаш одново поврзува со животот и смислата, а тоа е она убавото по коешто трагам. 110 okno.mk Маргина 36 111112 okno.mkМаргина 36 113114 okno.mk Emil Nolde Роден 1867 во Нолде (северна Шлезија), како син на селани.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако моите слики се огледало на мене самиот - а до извесна мера тоа и се - тогаш тие ми го покажуваат само тоа дека јас секогаш одново си го сечам гркланот со бријач.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И пак, секогаш одново, понекогаш дури ина сон почнуваше ново писмо со кое требаше да ја објасни внетрешната состојба на оној Марко Проказник: самоповиканата пијана власт на натрапникот е вистински и најголем непријател на државата, на народот. од тетратката останаа уште само маслосаните корици, веќе немаше писма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Џ. кој иако по долго и мачно работење се уште не е богат, секогаш одново се труди да ја пласира учтивоста: - Претпоставувам дека сте духовиот човек.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сам, со туѓото минато како со свое со своето како со туѓо со „стодваесет и петте гласови“ кои, секогаш одново, го наговараат да се оддалечи од живата стварност сѐ додека таа, неповратна, не се претвори во јаз кој не се објаснува и кога ќе се преживее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Познавајќи ја двојната природа на играта, фанатично вљубен во преобразбата, можеби ќе се ослободам од луспата на времето и просторот, да се откривам, секогаш одново, во ослободениот свет на имагинарното.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А мојот прстен што ѝ го купив од Охрид кога бев на летување?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неизоставно така прави и секогаш одново го разгледува со љубов и внимание.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)