секогаш (прил.) - некако (прил.)

Во таков час тој секогаш некако вардеше да ја скубне, измислуваше секакви итроштини, стоеше на нога, коњчето го тераше да наведнува глава, да биде учено момче, да поздравува ученици, зашто тоа се многу учени луѓе, умни, зашто младите момченца се исто така едни такви добри коњчиња, благородни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)