секогаш (прил.) - свртен (прид.)

По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пушката беше сета измастена. Бојан зеде крпа, највнимателно ја избриша, држејќи ја цевката секогаш свртена спротивно од своето тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)