секогаш (прил.) - прифатен (прид.)

Не му беше лесно на Камилски да се справи со толку голем број османотурцизми од толку широки области, голем број со завршена употреба во животот, покрај за секогаш прифатените зборови, или заемките кои служеа и како неодминливи синоними.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски најпрвин трагаше по заемките од духовниот живот, по зборовите кои се вкорениле во балканските јазици означувајќи начесто богата гама чувства и појави од животот: среќа, веселба, радост, тага, мака, тегоба, надеж, љубов, копнеж и други состојби на духот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)