секогаш (прил.) - поинаков (прид.)

Ова дело е пресек на различните искуства во поранешните композиции ( појачувањето на “малите” звуци со помош на контактни микрофони и со вметнување разни предмети - кибритчиња, жица од клавир и влакненца од четкица за заби - во звучникот на микрофонот, влече корени од Собна музика, додека нус-продуктите на системот за појачување на звукот како брум, шум, микрофонија, се повратна спрега на електронската верзија на случајните звуци и шумови од 4’ 33’’, и како такво, делото најмногу се приближува до Кејџовиот идеал на театарот како уметничка форма на хаосот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Надвор ѕверски завиваше луто ветриште, номад, бескуќник секогаш поинаков за луѓето и спрема луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нивните движења немаа ни ред ни крај, се повторува и пак беа секогаш поинакви, еднаш остри и аглести, другпат меки, бавни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фонтана Микс (1958) е секогаш поинаква верзија на колаж од бесконечни ленти благодарение на можноста за интервенирање во машините за репродукција на звуци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Партитурата има 192 страни (од кои секоја трае 1 1/3 секунди, но со консултирање на Ји Џинг се одредува настапот и опаѓањето на секој звук на еден од осумте канали).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)