секогаш (прил.) - отворен (прид.)

Тие се секогаш отворени зиме и лете, а низ нив годишно минуваат и по милион гости - евтино, во природа, со добра кујна, а по желба може да се приготвува и јадење, но тоа во Белгија не се исплатува...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На терасата имаше врата којашто дење беше скоро секогаш отворена и низ која се влегуваше во куќата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И не беше лошо... ти велам, Глушо, ти човеку- сцена, ти што ускладуваш четири (?!) карактера во себе, не беше воопшто лошо да се фура тој секогаш отворен за хемиски експиријанси „Дрогераш“...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во собата се стигнуваше со брза филмска камера што лета оддалеку и влегува низ (не баш) секогаш отворениот прозорец.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мојот татко не беше учен како Луановиот, но тој беше без предрасуди, секогаш отворен кон другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Отворањето врата е избор. Има врати кои остануваат секогаш отворени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поради инаетот што сè уште си го чуваше во себе, се насели во фотелјата крај секогаш отворениот прозорец, со надеж дека еден ден ќе дише нормално.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Капиџикот помеѓу двете куќи ни е секогаш отворен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)