секогаш (прил.) - ист (прид.)

Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секогаш исти сурати на кои од тртење и од постојано пцуење на сите светски револуции им обелела косата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се вадеше од памет за ништо, госпоѓа Мервин го смируваше со два збора, секогаш истите зборови: „No trouble! Jonkind! No trouble!...“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На Галимар му должам шест милиони... морам да продолжам... веќе работам на нов роман: секогаш иста граѓа... Ситнурија е тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како квантумот на интелигенцијата на планетава да бил секогаш ист, но модалитетите на неговото манифестирање да се менувале во различни правци и со различни интервали.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Истиот лик... секогаш истиот - широк, груб, во едниот агол со фотографијата на фабриката во која работи Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кошулата не мораше да му е нова, но секогаш чиста, испрана и испеглана, со закрпени лактови и изедени манжетни, а вратоврската секогаш иста, еднобојна и темновишнова, во знак на протест што уште во младоста му било забрането да врзува црвена врска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За да заработи за живот, човекот почна да прави цртежи со перо и секогаш ист туш направен од притоката на една австралиска река која самиот тој си ја измисли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од неа ниту малку да се поарчи а камо ли да исчезне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А во овој мој рапорт пред Боге од Бањи уште додадов: - И за едно чудо нејзината женска големина останува секогаш иста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој сон, е речиси секогаш ист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас неколкупати сум поминувал низ овој премин и секогаш истите податоци се запишувани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Шмркна уште еднаш додека чувствуваше како од болките во зглобовите во него се раѓа онаа негова добропозната нетрпеливост – секогаш истото чувство на неконтролирана лутина што одеднаш му извира однекаде и почнува да му пулсира низ вените.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Зошто своето воле не го помилува со нож, Онисифоре?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој секогаш ист глас на проклетиот Онисифор Проказник, ни покорен ни предизвикувачки, глас со една смисла - да се разбере што се зборува а не како се зборува, го слушал пред тоа во себе и точно со истото прашање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Токму кај такво значајно лице се јави нашиот Акакиј Акакиевич, и тоа се јави во најнеблагопријатен момент, сосема неповолен за себе, иако, впрочем, поволен за значајното лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И како последица на ваквите размисли тој остануваше во секогаш истата молчелива положба, изговарајќи само одвреме-навреме некакви едносложни звуци, и на тој начин се здоби со титула на најздодевен човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на 'ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите нејзини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зошто мора да се поднесува тоа, кога крајот е секогаш ист?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Приближно од тоа време, војната беше буквално постојана иако, попрецизно кажано, тоа не беше секогаш истата војна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За да се разбере природата на сегашната војна - зашто, и покрај прегрупирањето што се случува на секои неколку години тоа е секогаш истата војна - мора прво да се сфати дека е невозможно таа да биде решавачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од почетокот на животот, од почетокот на Партијата, од почетокот на историјата, војната продолжува без прекин, секогаш истата војна. Дали се сеќаваш на тоа?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цел­та им била секогаш иста, како да си ги спасат чедата од не­пред­видливите налети на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Под брз зарез на остриот нож, месото се отвора како непознат цвет, крвта, секогаш иста и секогаш на ист начин, шуми, врело само во неговите ноздри.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ги гледаше книгите, секогаш истите книги, отворени, небаре излегле од нив јагулите и бараат излез, го бараат својот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Подоцна, вечерта, ѝ ги галев рацете сè додека не се појави месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Секогаш истото! - гласеше тој нејзин излив од далечните темнини: - Кога ќе го сторам тој чекор за кој сум сигурна дека нè приближува наеднаш забележувам дека токму тој нè оддалечил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Понекогаш гласот допираше од голема оддалеченост, понекогаш тоа беа два гласа, многу гласови, цела скала на човечки извици што му навираа во устата, но нивните зборови беа секогаш истите: „Погледни, погледни, ние го сторивме тоа!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И секогаш по мене како сенка одеше пликот, а во него целиот јас: “автономист” и секогаш истото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кај се влечкаше пак?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој малечок брич, толку осетлив, беше уште едно патент-гнездо, едно дваесетина патенти сè на сè, ми објасни тој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште од осум саатот насабајле? А?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа ги кажуваше секогаш истите нешта...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секогаш истата болка... Ме боде под газот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас ја местев масата, купував намирници...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По тој повод ви пренесуваме некои елементарни информации за овој култен режисер кој почина минатата година.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи сега нема што да се работи, тој работи било што да се побара од него: насловна страна за часопис, изложба, филмска секвенца, итн., ад инфинитум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што ми рече за него. Дека се даваше себеси освен двапати неделно (секогаш истите денови, четврток, недела? Дека е емотивен?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
СИМОН: Луѓето се секогаш исти. Какви ќе се родат, такви умираат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Насетував како ги прелистува последните страници на секогаш истата света книга, низ трите книги Библијата, Коранот, Талмудот, низ само една страница која завршува како свет мост, како допир на другиот во животот и отаде него...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)