секогаш (прил.) - гладен (прид.)

1. Ѓаволски склоп Јадеш, лапаш, грицкаш, голташ секогаш гладен, засекогаш страдно зјапаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој балкон често и непланирано умее на себе да собере многу интересни и раритетни лица: филмаџијата Машко со приказните за Мајкл Чимино кој си го сменил полот, доктор Глигор со смисла за хумор од едно Скопје што одамна го нема, кумот Пеѓа со својата ма-шта-то-значи- опрем-добро дилема, актерката Мира Фурлан желна за дискусија, професорот Младен секогаш гладен за расправија, новинарот Борис со либерална словенечка мисла што ни траварица не успева да ја помати...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Знаеш дека волците се секогаш гладни и ненаситни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бидете секогаш гладни!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
1. Бидете секогаш гладни! Тогаш, веќе сте слични.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)