секогаш (прил.) - рака (имн.)

Нејзе секогаш рацете ѝ биле студени, не сакав да помислам дека тоа е резултат на сериозно нарушеното здравје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Се позамисли малку и, вадејќи ја раката од својата шилеста брада (секогаш раката му беше на брадата прилепена), - мавна со неа свртувајќи се кон Големата вода и, со мошне весел глас, рече: - Се обложувам, малечок, дека ти не знаеш и со што си го заслужил ова место.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)