секогаш (прил.) - си (зам.)

40. Познато е дека месните војводи секогаш си зборувале само на мајчиниот јазик, а се знае дека, на пр., Д.Груев со Македонците си зборувал само на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Притоа тој секогаш си свирка некаква своја мелодија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секогаш си идеше рано, понекогаш дури не излегуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Големиот нужник во паркот покрај кој мора да се мине смрдеше како што секогаш си смрдел, а тука беше и јавната чешма со скршената славина и баричка околу неа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од некоја причина, тој секогаш си замислуваше дека виното има интензивно сладок вкус, како вкусот на џем од капини и непосредно опијанувачко дејство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Честопати влегував во некои дилеми, бев многу молчалива, секогаш си наоѓав нешто да се измачувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)