секогаш (прил.) - му (зам.)

Ако полномошникот признал некој факт на рочиштето на кое странката не присуствувала или некој факт признал во поднесок, а странката тоа признание подоцна ќе го измени или отповика – судот ќе ги цени обете изјави (чл. 80 и чл. 84, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако странката во полномошното не ги определила поблиску овластувањата на полномошникот – полномошникот кој не е адвокат, врз основа на ваквото полномошно, може да ги врши сите дејствија во постапката, но секогаш му е потребно изрично овластување за: повлекување на тужба, за признавање или за одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување, 246 за одрекување или откажување од правен лек и за пренесување на полномошното врз друго лице, како и за поднесување на вонредни правни лекови (чл. 87, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да, тоа му одговара и секогаш му одговараше да се прави дека божем низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓале богатите и сложени склопови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе го планира животот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пепелот од цигарата секогаш му паѓаше на панталоните. Никогаш не стигнуваше да ја истресе навреме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Постојано го терав да ми раскажува за бонбончето што го лижеле сите тројца заедно..
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Димитар е рапер. Фотографијата на баба му ја носи во паричникот и така секогаш му е полн и кога ќе ги потроши парите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа бара попо­ дробно расчленување на нештата, и можеби еден ден ќе се обидам тоа да го објаснам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можноста за апсолутниот настан, безосновната основа на иницијативата секогаш му преостанува, секогаш мора да му се надоградува. 4Води ли тоа кон воспоставување на некоја група? 4Поточно, кон некаква “таканаречена” заедница отворена за луѓе кои “сакајќи го тоа”, пристанувајќи на пристапување, заминуваат читајќи и пишувајќи сосема различно од дотогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изгризената козирка од стариот, безбоен каскет, кој секогаш му стоеше искривен на главата и му го поклопуваше увото, ја дополнуваше неговата жалослива, дури по малку и смешна фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Впрочем и привидите ги сместуваат во оној несовладан дел од вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На човекот му се чини дека секогаш му е потребно малку повеќе вистина од онаа што ја има.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа беше со него на работа, а нејзината кревка убавина и нежност, нејзините сини очи, нејзиното самовилско присуство секогаш му го исполнуваа битието.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако некој ме прашаше дали повеќе сакам да патувам со воз или автобус, јас секогаш му давав предност на ова првото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Руската влада секогаш му дава полна слобода на рускиот печат да печати статии по сите прашања до тогаш до кога некое прашање се разгледува и не е примено никакво решение по него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Воздивнувајќи длабоко на сеќавањата што секогаш му паѓаа потешко од другите, оти не го лутеа, туку само го растажуваа, повторно се фати за перото и продолжи на нов лист: „Возљубени мои браќа по вера!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„На здравје, професоре“, секогаш му велеше на дедо му.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ќе ти покажам...“ и татко му секогаш му велеше кога го прашуваше како да ја состави козината или како да ја намачка со восок, па ставајќи ги своите корави преку неговите помали, детски раце, му ги водеше преку движењата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Иван Иванович секогаш му дава на секој од нив или ѓеврече, или парче од диња, или круша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас секогаш му се восхитував на широкиот поглед и на начитаноста на рускиот човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Јас одлично ве сфатив. О! Јас сфаќам!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој немаше деца. Гапка има деца и тие трчаат по дворот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А уште помалку заборавал на понекое „шајче“, за кое секогаш му бил отворен џебот...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Самјаците нему при втората средба секогаш му удирале назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа е веројатно чиракот од казанџиската работилница, еден жив момок кој понекогаш го сретнуваше и секогаш му се насмевнуваше пријателски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На Арсо секогаш му е здодевно кога останува повеќе време во дуќанот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оркестарот започнува да ја свири неговата љубовна мелодија што, којзнае зошто, секогаш му ги разнежнува чувствата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На ова Светлана секогаш му велеше: - Никодине, зар си слеп!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пушти го алчниов, секогаш му се малку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Венчалните прстени секогаш му стоеја во џебот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И секогаш му успеваше да се изнафали, а што повеќе врева правеше, толку поопасен стануваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ден тој носеше фланелска кошула со тен боја, ако не се сметаат оние големи потемнети делови од пот, предизвикани од летното сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби следат... низ смалената вештина на деловност, можеби дури, на што едвај се осмелувам да се надевам, низ снажниот комунистички принцип, којшто ќе ја засили љубовта кон работите поради самите нив. Max Beckmann, 1950 Уметноста заедно со религијата и науката, секогаш му помагала на човештвото и го ослободувала на неговите патишта.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Шепотливо ги поздрави. Татко мило ја погледна како виновник за грев кој секогаш му беше простуван од Мајка кога беа во прашање книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Колешке, Александар го завлече е на крајот во ееее, по малку срамјеќи се од својата лоша имитација на нејзиниот и тон, којшто секогаш му звучеше без врска.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На Александар пријателите секогаш му завидуваа дека работи во Секретаријатот за информации.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во нередовни интервали, тие ќе му поднесеа едно валкано парче хартија за кое велеа дека е сметката, но тој имаше впечаток дека секогаш му наплатуваат помалку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А секаде го гледаа најоблечен, обуен, секогаш со чевли, та дури опна и фес со пискул и секогаш му се наоѓаа и по неколку черека во џебот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш му се радувам на она што опстојува и покрај нашите страхувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сфаќајте ме погрешно, никогаш не сум си вообразувал дека можам да го остварам тој сон на Икар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив дека ова доцнење, или поточно свеста за тоа дека доцнењето и вистински се случува, може негативно да се изрази на пример при попречувањето на евентуалниот залет што секогаш му претходи на обидот за лет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Се разбира“, вели, „не можам да го ослободам од вина ни Ролана; нему секогаш му било сѐ едно со која ќе легне. Само доведи му жена.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве, и на оваа негова слабост сум спремна да помислам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе речеш дека на младиот секогаш му се спие, ама не било така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите секогаш му болскаат и секогаш во нив има вгнезден страв и оган.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше две момчиња од Свети Николе, мислам дека едниот се викаше Никола, ќе го заглавеше затворачот на пушката и ќе ме замолеше јас да го вратам, но да не знаат другарите за да не го зезаат после.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас секогаш му помагав и никој не дозна за тоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас секогаш му плетев чорапи, ѝ помагав на стрина ми, ткаев и предев, зашто сите жени се редеа за работа, една недела стрина ми, една недела помајка ми, една недела снаата и една недела сестра ми постарата, Борка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Како да не, го оставаш, ајде те молам, баш напротив, секогаш му стоиш над глава, детето нема мир од тебе – ѝ се нафрли тета Оце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ништо не ми беше јасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А ти му рече ли? - Секогаш му велам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)