Но, тој секогаш успеваше да ја однесе малку погоре со себе си и неа, малку подалеку напред меѓу буките, и тоа се продолжуваше толку долго, што тој веќе и не се сеќаваше ни како почна, што тој не можеше да предвиди ни дека еднаш ќе заврши некаде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И иако смртта на уметноста е објавувана многу пати, особено во овој век, таа секогаш успева да се реинкарнира на чудесен начин.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Најпосле, вујко ми Герман кој секогаш успева да биде внимателен дури и во најбеспомошните ситуации и чиј збор поради животното искуство секогаш ја има нужната тежина, рече со тон како некого или нешто да надитрува со вистина: "Тие се како и сите други луѓе", рече тој.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Занемев додека слушав. Не дека беше тоа нешто неочекувано од Стомачето, но иако толку добро го знаев секогаш успеваше дополнително да ме изненади со своите каприциозни постапки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во Диселдорф купувала стари алишта, телевизори и друго и речиси секогаш успевала да ја мине границата а да не биде забележана од цариниците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)