секогаш (прил.) - треба (гл.)

Државата и синдикатот се во постојана борба и не треба да соработуваат, затоа што синдикатот секогаш треба да биде на страната на работникот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, додава дека доколку би имал шанса и повреда на некое работничко право во иднина повторно би тужел – но, секогаш со адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според него „ако нема јак синдикат работникот не може да ги оствари своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За крај тој умесно заклучува: „За правда секогаш треба да се избориш!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таткото, глав­ниот лик во романот, постојано настојува да дознае зошто во овој порочен балкански круг, во кој секогаш треба да се почнува одново, било одлучено од највисоко место – да се уништат козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секогаш треба да го цитираме Шекспир.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога се пишува и се зборува за Берлин, секогаш треба да се дели на два дела, на два града, на тој што се наоѓа на запад и оној што е на исток.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Човек секогаш треба да биде на штрек поради можноста за акција, се предупредува самиот себе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Андерграундот секогаш треба да има метаморфозен карактер.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
КОТЕ: На жената секогаш треба носот да ѝ намирисува мажот што сака. Оти, мажот си е маж, не е жена!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тоа што природата сама го созадава, човекот секогаш треба во чекор да го следи – мудруваше старецот. –Види го темното царство на пролетните мравки!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој го манифестира својот вкус и како способност за јавен интелектуален став со кој од еден социо-историски и културен контекст може да се проценува и оценува убавото и вредното во уметноста, нагласувајќи постојано дека „сомнежот и рационалноста секогаш треба да ги држиме будни зашто можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ може да му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред двеилјади години, Синот Господов-Исус своите следбеници ги подучувал дека секогаш треба да го подаваат другиот образ ако претходно добиле шлаканица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Играта ја достигнува својата кулминација кога едно џиновско чудовиште го 81 напаѓа мојот град.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секогаш треба да си спремен за чудовишта во животот“, запишувам со мисла дека сум направил навистина прониклива забелешка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А што е најважно она што денес ни се случува предодредено е од нашите мисли и верувања од минатиото – од мислите и зборовите што сме ги имале пред неколку дена, пред неколку месеци или од пред неколку години или пред неколку векови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа, секогаш треба да имаме позитивни мисли и зборови, тие се енергетски ентитети што ни ја определуваат иднината.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас лично се почувствував дека сум способна и за многу повеќе отколку што бараа од мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, не сакав да заборавам или скријам дека бев едно селско дете, со образование од четврто одделение и дека секогаш требаше да покажам повеќе знаење и умеење од другите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Навистина - но секогаш треба да се има на ум дека катастрофите во Босна и Руанда ќе се случеа наспроти сите пеперутка-ефекти од тоа сте­гање на рацете меѓу Крупсовите апарати.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се разбира, времето ги изведе на виделина сите лажни но и вистинитите претпоставки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа секогаш треба да го имате на ум“, ѝ се исповедал божем тој на Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа значи дека мораат да се фокусираат на точно одредена група потрошувачи (или потенцијални потрошувачи) од која очекуваат најголем продажен ефект.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој логичен факт доведе до една друг вистина во науката-уметноста-вештината на огласување: секогаш треба да се истакнува една идеја, една магична област која посочениот производ го одвојува од сите други на пазарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како да им се одолее на униформирањето, хомогениза­цијата, културалното или јазично-посредувачко изедначување, на поредокот на предочување и на една неверојатна исплатливост?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш треба да се преземе некоја одговорност (етичка или политичка), треба да се превладеат спротивставените одредби и формата на апорија со некој тип искуство на неможното, бидејќи, во спротивно, примената на правилата од страна на свесниот и на себе истоветен субјект, кој објективно секој поединечен случај го подведува под општоста на одреден закон, ќе води, напротив, кон неод­говор­ност, ако не и кон неверојатната единственост на одлуката што се донесува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпознати се четири. 1. UNIQUE SELLING PROPOSITION (POINT) - (UPS) методата прв ја дефинирал славниот Розер Ривс, еден од бардовите во историјата на огласувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму на јавните простори политичкото незадоволство станува видливо и добива замав, но е и регулирано и контролирано.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Јавно полагајќи право на просторот, создавајќи јавни простори, општествените групи и самите стануваат јавни“ 86 , нагласува Мичел, тврдејќи дека јавниот 86 Don Mitchell, The Right to the City: Social Justice and the Fight for Public Space (New York: Guilford Press, 2003), 129. 75 простор секогаш треба да се посматра во тесна врска со движењата за социјална правда.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Целосно верувајќи во Мурџо, тетката Перса не ги сподели своите размисли со Пелагија, дека кога децата се заедно секогаш треба да се има на ум Дончо за да не се случи нешто за што подоцна ќе зажалат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, тој не заборавил да истакне дека тоа секогаш требало да се прави подалеку од христијанското население, за да не биде тоа изложено на прогонства - и жестокости на властите“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ете затоа, меѓу другото, со нашиве машки секогаш треба да се внимава, што и како ќе се каже, што ќе се направи и како ќе се постапи, а со Игбал не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)