секогаш (прил.) - сум (гл.)

- Од секогаш сум ја замислувал дека жената на мојот живот, мојата жена, ќе изгледа како тебе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секогаш сум влегувал со одважност, дури, богами, кога ќе влезев, не ни ги забележував поединечно. Не се трудев. Тие ме забележуваа. Тоа беше важно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Руди Рукер (Rudy Rucker): „Од секогаш сум сакал да бидам авангарден уметник и да создавам некаква изопачена научна фантастика, каква што наоѓаме во делата на Вилијам Бароус (William Burroughs).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога ќе помислам на тоа дамнешно време, секогаш сум некако спокоен и воздухот ми замирисува на штотуку печен леб.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми иде да ја гушнам како во она дамнешно време кога бев малечок и кога ѝ заспивав во скутот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас секогаш сум бил сам, навикнат сум на тоа, навикнат сум за сè сам да се грижам, за сè сам да решавам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И сфатив дека ова е провидение, дека пајакот мене ми е подобен, или јас нему, дека попусто самиот сум се унижувал пред Лествичникот и другите бедни; дека сум го лутел Бога оти знак ми дал да го носам светот на плеќите свои, а јас не сум разбрал, не сум го познал знакот и сум дал предимство на друг, оној што е под управата на гревот, оти никогаш не сум се борел, не сум се спротивставил, послушен секогаш сум бил; а оној што послушен е секогаш, тој послушен и кон ѓаволот, а не само кон Бога ќе биде, кога ѓаволот ќе му се претстави под лика лажна, под образ притворен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти секогаш сум велел: словото една рака го сочинила, ама многу очи го читаат и сите тие очи различно го читаат истото, од рака сочинето клопче, оти по разни конци врват читателите кон средето, кон изворот на текстот, кон оној кој го сочинил и кој нив ќе ги голтне – пајакот отровен, сонце црно вжарено, создател и господар на вселена мала.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каде и да појдам, секогаш сум во вода.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А кога сум сам, секогаш сум тажен, многу тажен.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Секогаш сум гласал „За“ - да им се доделат пари на барателите, а за искреноста во приложените барања тие самите да си судат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Секогаш сум среќен кога ја избегнувам смртта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
-Секогаш сум се плашел од случајности. Сѐ е пресметано, до тенкости проучено и, наеднаш, стоп. Слушај, Арсо, за сега не. Да појдеме горе и да размислиме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа ја прифати играта на зборовите. - А кога е празно? Ѝ реков: - Тоа никогаш не било празно. Тебе секогаш сум те познавал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не, ти си прв, ќе ја наведнеше главата. Прв?... Ќе ја закопав во себе својата смеа и ќе премолчев дека знам - јас секогаш сум или прв или втор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Филмот е уметност што секогаш сум ја сакал (ако е воопшто уметност) затоа што поседува една сопствена граматика, комплексна и возбудлива.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потоа, секој ден зборуваа за мене како за некое чудо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас за возврат целата љубов што ја имав во себе ќе му ја подарев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Никогаш во животот не сум згрешила, секогаш сум мечтаела како убаво ќе живеам и дека нема да дозволам мојот маж да ми се обрати на висок тон.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Всушност, јас прецизно пресметував како можеше мојата пушка да пука, можеше да измрда само околу пет сантиметри, а кога требаше да ја погодам целта, ја држев под метата, не одеше ни лево ни десно. Секогаш сум погодувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И секогаш сум помислувал на брегот, секогаш сум помислувал и овде да има таква бања: и водата е лековита, а и местото е прекрасно: со шуми и чист воздух, со езеро во близината и со најмногу сончеви денови во годината...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ФРИК ХАИКУ (без 5-7-5) НЕРАЗДЕЛНИ Ме чуваш и мислиш на мене Секогаш сум твоја омилена Ракија од 55 степена
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Секогаш сум била бледа. Можеби и повеќе.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие Тие се неверни Сега јас сум твојот единствен пријател Тие Тие ќе се неверни Јас секогаш сум таму Ја знаеше песната, го знаеше тој ЦД.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секаде и секогаш сум прв.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И притоа да верува дека ништо не се случило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, како тој умееше своето лошо однесување да го преобрати во добро.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И секогаш сум со надеж дека еднаш ќе ми појде од рака повторно да го пронајдам", одврати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со почит кон романтизмот и Штајнер, од секогаш сум бил импресиониран од Бојсовите цртежи насловени Kadmium.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој цртеж од 1956 постои силна врска со Нордиската митологија: судбина, пов­торно-раѓање, плацентата, мајката природа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така можеме да го сфатиме Германството, неговото бидување романтичар и Германец.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова е мојата судбина, секогаш сум против себе, секогаш патувам спротивно од ветерот и секогаш го избирам потешкиот пат за одење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сум совршена, едноставно човек сум!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Борецот Вангел им вели на другите: - Знаете, јас секогаш сум гладен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слушај. Јас, вели, секогаш сум гладен. Лебот што го добивам не ми е доволен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се заколнувам дека секогаш сум верувал, верувам сега и со Божја милост и во иднина ќе верувам во сѐ што светата католичка, апостолска и римска Црква го има за вистинито, за што моли и што учи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Колку е тажно, - реков. - Секогаш сум мислел дека е прекрасно да си бесмртен, а сега...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Секогаш сум ѝ завидувал на мајка ми кога одела на пат со воз.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сепак Едо додаде: „Секогаш сум стравувал за неа!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Хм“, пристори брезничанецот. „Барем јас секогаш сум таму, ама не знам...“, додаде и пак потона во своето молчење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Каде и да појдам, секогаш сум во вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Што ми требаше сега ова, си реков, та нели јас секогаш сум горда и задоволна што имаат доверба во мене и што ме третираат како возрасна?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ја слушнавте? – како одвај да дочека тетка ми Ана. – А, што ви зборувам јас, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Јас токму такви секогаш сум ги замислувала – прифати мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)