Овој пат навистина ми стана непријатно, но бргу потоа сфатив дека ова семејство, покрај другите чудни навики, има и необичен распоред на спиење, поради тоа што мајката и девојчето и онака секогаш спијат заедно, тетин ми спие во собата на ќерката, а синот си спие во собата којашто сега беше "моја".
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како да беа уверени, како од некаде да знаеја дека никој не им може ништо, дека тие од оваа страна веќе со денови ја добиваа истата наредба – не пукај, не оди, чекај следна наредба...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сигурно сите спијат во тоа глуво доба, дури и стражите, ако воопшто поставиле некого – оние од другата страна секогаш спиеја мирно ноќе, а пукаа дење.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Устата ѝ беше постојано поднамуртена и не разговараше со нас многу.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)