Тоа прашање секогаш остануваше без одговор, но ние си го поставувавме, разговаравме, се договаравме, изнесувавме различни претпоставки и аргументи, се спротивставувавме еден на друг, барајќи излез од мората што веќе силно нѐ притискаше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На крајот Мартин секогаш остануваше сам со девојката којашто ракуваше со лифтот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Беа тоа два сосема различни односа спрема животот и секогаш останувале неизменети.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еден начин да се излезе накрај со тој проблем е субјектот бесконечно да оди од еден објект до друг, секогаш останувајќи незадоволен.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Секогаш бегал. Но, тоа секогаш останувало. Било вистина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше планински чај, Змејко летоска го имаше брано по висовите и камењарите над рудините уште нераспупен, го береше за дома, но секогаш остануваше и тука по некоја китка да се најде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги барал и секогаш останувал сам, задругата му одзеде само една година од тоа, но тој уште ниеднаш не ги имаше побарано нив како сега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имав голема желба да видам како, преку уметнички остварувања, на сцена може да се доживее она што секогаш останувало како најскриена дискреција во интимите на човекот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)