Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но секогаш останува она можеби, таму некаде далеку ќе го пронајдам изгубениот дел од мозаикот на моето реално, чувствено, опипливо, живеано, проживеано постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тогаш, кога за последен пат го одбила, уште еднаш сфатила дека за секогаш останува сама, и без саканиот човек, и без рожба.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се менуваат работите низ годините, ама има и такви кои секогаш остануваат непроменети.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Тој не те сака?“ Сега и жената во чија куќа ја боледував треската и ја доживував најголемата своја возбуда го следеше оддалечувањето на плеќестиот Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можев да ја чујам песната на Калпаковиот булук, распашана, дива, скоро туѓинска: зад таква песна секогаш останува заканувачко молчење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Василопулос ја фрли цигарата на подот, ја изгази со тешката чизма, и испуштајќи го чадот низ нос, рече со зарипнат глас: - Значи, почнаа и кражбите... - и, одејќи кон Крстовица ја праша – Што имаш во торбата?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ќе из’ртеше зрното по првиот дожд, а јас само гршче, само толкунѕаво шепиче...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)