Фамилијата и куќата на Ризван бег од Ресна ми остана како куќа во која секогаш можев да влезам, кај Абди-паша од Монастир, исто така.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Разбрав дека во првите попладневни часови секогаш можат да се сретнат вакви жени кои одат на специјални гимнастички вежби, под контрола на светски познатиот гинеколог-хирург проф. д-р Леви, кој докажал дека по овој пат создава услови за безболно раѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овие степени на емиграција секогаш можат да станат и степени на еманципација.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Што и да ѝ се случувало на таквата личност во животот, колку и да била повредувана, таа секогаш може да погледне во минатото и да почувствува дека може да биде сакана. 54 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На шаховската табла никогаш ништо не се знае и секогаш можеш да бидеш изненаден од зад грб и од кого било.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На поличката над огништето секогаш имаше кибрит, крај огништето секогаш можеа да се најдат суви дрвца за потпалување и борина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со него секогаш можеше да помине неколку убави часови, да чуе од него нешто интересно, нешто ново можеби, зашто во планината сѐ течеше бавно и спокојно, нови беа само деновите што се нижат, времињата што се менуваат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пред нејзиното мисловно око целата околина почна да ѝ се одмоткува како филм, и имаше нешто утешно и мило во врска со супермаркетите, бензинските пумпи, ресторанчињата, кината во кои се влегува со автомобил, гостилниците, ретките анахрони фарми, чии плевни и амбари беа обоени со црвена боја и беа сиви и обелени од временските влијанија, автопатиштата со надвозниците и подвозниците, и со кружниците, каде што секогаш можеше да се сврти во правец спротивен на оној во кој сте оделе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Венчаните денес секогаш можат да се разведат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е ни чудо што геј-луѓето не можат да го поднесат.
Еве, да речеме, разликата меѓу хетеросексуалната венчавка и геј-свеченоста на заветување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Современиот геј-идентитет – сериозен, официјален, угнетувачки, неизбежен – дава мрачна поука за последиците од премногу автентичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разводот е една од многуте повластици на бракот, една од многуте придобивки што им следуваат на тие на кои им е дозволено да се венчаат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во овој забревтан, механизиран свет, многу значи кога околу тебе постојат луѓе, кои несебично те сакаат и во кои секогаш можеш да најдеш поддршка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Секогаш можеш за сѐ да ме прашаш, добро?“ ѝ рече таа допирајќи ја по рамото. Таа потврди со главата и поцрвене.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Бидејќи сѐ, што се случуваше во таа ноќ, секогаш можеше да биде и привид, и сон, на тоа тераше сета онаа невистината светлина на одблесоците и на белите безбројни искрења на снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Е! Јас за себе секогаш можам да гарантирам, - одврати Ивона.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ако, сепак, се прашувам јас, овој стариов со трпениево нема да го надживее младиот, кого секогаш можеш да го сретнеш повторно потаму во животот, како во песната „Остала си увек иста“, па остани во добри односи со него кога ќе се разидете и можеш да го имаш во резерва, тукуречи златна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Жените секогаш можат да плачат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но секогаш може да се најде таков круг на луѓе, за кои безначајното во очите на другите со самото тоа е веќе значајно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сите ќе мораат да знаат дека сум ТУКА, на таа тераса, невклопена со стилот на она на кое е прикачена, а сепак висечка, тешка и ладна под допирот на металот кој го стискав грчевито, затоа што ми беше страв од височина од која секогаш може да се падне, но не може погоре да се искачува.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во Општинскиот центар секогаш можеше да се каже дали играл пинг-понг според влажноста на рачката од рекетот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако не го направам тоа, рече: “Јас она секогаш можам да го повторам”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се јавуваа повремени непријатности, „но од студентите и интелектуалците секогаш можете да очекувате такви нешта“.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Потоа, со домислување, се обидувам да ја преведам: Ако е тоа Рамос, а не некој друг лекар, со него секогаш можев да се договорам.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Секако, секогаш можам да го суредам со Осмозно Полнење, кое одговара на фиксањето во кожа, но тоа значи да се признае поразот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Единствено правило беше дека секогаш можеш да се предомислиш и да пробаш нешто друго”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Истото правило важеше и при 11- месечниот процес на монтажирање. Hank Corwin, кој работеше на монтажата вели: “Сакавме да постигнеме импресионистичко чувство, но немаше случајности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа може да стане иднина на правењето филмови.”
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За разлика од рекламите во весниците, телевизијата или на радио, каде што секогаш може да ја прескокнете страницата или да го смените каналот, луѓето во текот на нивниот секојдневен живот не можат да избегнат да гледаат билборд реклами поради нивната импозантна големина и поставеност.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Но дали родителот секогаш може да ги исполни бескрајните, убави детски желби.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И ако си гладен, за знаење трпиш од книгата секогаш можеш да црпиш!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Јас секогаш можев да прејдам преку граница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)