Досега таа виде многу ранети, а многу од нив сама ги пренесуваше на носилки или товарени на коњ и честопати, гледајќи ги, плачеше, секогаш мислејќи на своите три чеда.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Огромното лице ( затоа што постојано го гледаше на постери, секогаш мислеше на него како на еден метар широко ) со неговите тешки црни мустаци и со очите што го следеа наваму натаму, изгледаше како да рее во неговиот ум само од себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога бев малечок, секогаш мислев дека ќе умрам многу млад, на дваесет години или тука некаде.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Иако секогаш мислел дека светот со секое утро треба да се менува, не само закоравениот ред туку и сè во тој ред, од мирис до звук, од светлост до облик, сега се побунил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оваа темна вечер го заборавив огледалото на тротоарот и сонот го изгубив зашто пред легнување секогаш мислев, се гледав во неговата сјајност Оваа ноќ, го заборавив огледалото на тротоарот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И така секогаш, било пролет или лете, есен или зиме, по големата караница меѓу Тито и Сталин, ние секогаш мислевме и чувствувавме дека ги шетаме козите последен пат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)