Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Некому од нив секако ќе му застане коска во грлото и дури тогаш ќе си припомни дека некој беше рекол дека самоуништувањето секогаш започнува пред сезоната на драњето на кожите, во градот кому му мафтаме од прозорецот на возот кинисан кон еден друг град, дебелокожец и немиризлив
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)