Како еден од најупотребуваните се смета џиткањето од зграда кое секогаш завршува со фатални последици освен доколку не намеравате да се фрлите од понизок кат па наместо да ја исполните намерата која сте ја замислиле, да се каете што сте останале инвалид со скршени нозе и ребра.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Да не си го прескокнам и роденденот како многу битен настан кој секогаш завршува толку тажно. Го прославив, се разбира сама.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Затоа што ваквата игра на љубовен триаголник секогаш беше поинтересна, се чини поради тоа секогаш завршував сама.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Единствено Рада и Томо ја поштедуваа во попладневните прошетки, кои секогаш завршуваа во јодната бања, во која хидрото и кинезитерапијата ги релаксираше нивните тела.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Зачетокот секогаш завршува со бесполезно интензивен крај.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Неговата точка секогаш завршува со бурен аплауз.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Колку е таа помоќна толку е понечовечка бидејќи глави паѓаат секогаш таму каде што една идеја победува.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа се должи на фактот, според Сјоран, што човекот се впуштил во авантура, надвор од своите инстинкти, па затоа секогаш завршува во лавиринт.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но кога историчарите и критичарите се обидуваат да ја опишат Советската уметност, тие секогаш завршуваат во зборување за Советскиот реализам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ми се допаѓа да се сметам себеси за Советски уметник, но не ми се допаѓа врската со омаловажувачките значења кои историчарите му ги прилепуваат на тој термин.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)