Кога не ќе драбаше по калиштата на каналот, тепајки гуштери и жаби со нескриено задоволство, кога не ќе дебнеше полузаспани змии, кои, држејќи ги за опашка, или ги треснуваше од некое дрво, или ги вртеше врз својата глава и зашеметени, ги фрлаше далеку во меѓите, тогаш секако се плискаше во плиткото на реката, а богами, без никаков страв, загазуваше и во подлабоки места.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Јас не верувам дека ова е сосема точно, бидејќи семејството на Никола секако се погрижило да му најде пристојно место, ако ништо друго, кај нивните семејни гробишта што се наоѓаат десно од влезната порта на гробиштата, на она мало возвишение.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)