секако (прил.) - нема (гл.)

Само проблем беа парите. Се уплаќаше минимум илјада евра, а моите дома секако немаа пари за да ми овозможат такво нешто.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Колку интересно, а таа игра секако нема крај.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој да оди таму, кај неа и кај детето, да живее - секако нема да може. Никогаш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Си платил цел, а ќе излижеш одвај половина сладолед а на тукушто избањатите божици секако нема да ве видат, инаку барем ќе ви се изнасмееја на сладоледните капаници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не е баш препорачливо да зјапнеш во тукушто избањатите божици, особено ако лижеш сладолед баш кога врви нивната гиздавост.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Честитам! Тоа ти е третата лага денес.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На тие зборови сакав да станам од масата, но таа ме праша: – А кај ти е обетката? – Молам? – се збунив, но почнав да пребарувам по џебовите, иако знаев дека секако нема, сега засега, да й ја покажам обетката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму таа ќе набљудува како се спроведува европската љубезност кај работниците од услужните дејности - повторно, поттикнувајќи ги мрачните зборови насочени против новата револуција, против властите, што се изговараат во редовите на чекање, кои секако нема да исчезнат за првите десет дена, дури ни со западна администрација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Воопшто: таа организација од нас е оценета како единствена совршена од сите што постојат досега, за годините на социјалистичката изградба на економските, културни и научни организации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)