секако (прил.) - има (гл.)

Носењето на burbery мантилот е одлика на стилот на повисоката средна класа, свесна за длабинското значење на креирањето на поп универзумот. Levi’s Панталоните од груба ткаенина која тешко се кине беа незаобиколен дел од гардеробата на американскиот Див Запад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еволуирајќи од некој вид на продолжено сако до иконичкиот знак на тренчкот, дождовниот мантил дури во средината на педесетите влезе во мода.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Луксузот што овде го гледаме, дури и ако делумно ни се допадне, секако има сосем особен стил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако ние немаме спутник, или електронски машини, робот-механизми или сирхорама, секако имаме друго да изложиме, токму она што го прикажуваат и технички најразвиените земји, од кои ќе може да се види повоениот развиток на нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но секако имало поголем или помал душманлак, наше е да го откорнеме од балканските јазици, а бездруго со тоа ќе го снема во животот, нема да ја заматува меморијата на нашите потомци! рече Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не можеше точно да го утврди конечниот став на Камилски, час бранеше една, час друга позиција!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислеа дека тоа не е за мене, дека физички и психички нема да го поднесам тоа имајќи го со мене искуството од претходните потешки физички работи кои што ги работев во минатото и од кои секако имав по некои здравствени последици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислам, секако имаш видено женски нозе!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Симона не беше екстремно дебела, секако имаше некое килце вишок, плус целулит кој што камерата внимателно го регистрираше, ама народот си ја завика дебелата Симона поради фрустрацијата дека не може на друг начин да му се оддолжи на Стојан поради сите добрини што тој ѝ ги прави на земјата години наназад.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Претпоставувате, мора да се работи за некоја современа магија која секако има за цел да ми наштети, знаете кога ќе тргнете од анализа на симболот на огнот и бла, бла, бла ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Видете г-ѓо ... - ја прекина или барем имаше чувство дека ја прекинува, зашто кога и да ѝ се обратеше ќе ја прекинеше, знаеше дека таа секако имаше да кажува многу повеќе од тоа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тука секако имаше и негова вина, што никогаш ништо не ѝ раскажа за нив. Не ја подготви.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие, информациите од своите политички и воени претставници на Балканот ги примале во своите кабинети во Лондон и по нивната анализа и врз основа на претходните сознанија за одделни земји од Балканот ја креирале британската надворешна политика, која им била подредена, пред сè, на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Непосреден придонес во тоа секако имал недостигот од директен увид во она што се случувало на балканските простори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вашата лекарска професија ви донесе одреден број откритија и искуства кои ги внесовте во своите книги. О да, о да, работев како лекар 35 години, тоа секако има некаква врска.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Говорноста“ на прозата на Чинго секако има пресудно влијание врз суштината на нејзиното примање кај читателот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Има, секако има! Има апарати за автоматско исклучување на котлите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откако го опиша во споменатово дело своето протерување од СССР, В. Војнович напиша едно писмо по повод неговото лишување од советското државјанство, датирано со 17 јули 1981 година, Минхен и го упати до највисокото (најмалку 1,70 м - во тоа време, сега секако има и повисоки) советско раководство: „Г-не Брежњев, Вие незаслужено високо ја оценивте мојата дејност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ха! Тоа, се чини, допрва ќе го доживуваме) “Москва 2046”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)